Македонијалек - синоним за доверба, традиција и успех.
Насловна
Добредојдовте во Македонијалек, првата приватна веледрогерија во Македонија.
Развојниот пат на Македонијалек датира од 1978 година, а со постојана структура и сопственост на капиталот претпријатието функционира од 1991 година.
Низ неколкудецениската работа, Македонијалек прерасна во современо и добро организирано претпријатие, кое е лидер во индустријата. Многубројните награди, признанија и сертификати дополнително ги потврдуваат високите вредности и принципи според кои се раководи Македонијалек.
Со цел брзо и навремено, квалитетно и прецизно опслужување на клиентите, Македонијалек денес располага со современа административна зграда со површина од 800м², модерно опремени магацински простории, организирани според сите нормативи на ИСО стандардите за квалитет, системот за управување со квалитет, како и ЕУ директивата за добра дистрибутивна пракса.
Магацинските простории се опремени со неколку разладни комори, како и со специјални складишни простории за лекови и производи со посебен режим на чување. Магацините се екипирани со најмодерните достигнувања од информатичката технологија во врска со континуирано следење и контрола на температурата и другите важни параметри.
За брз, безбеден и сигурен транспорт на нашите производи, Македонијалек располага и со современ возен парк кој опфаќа повеќе лесни возила, пикап фургони, како и климатизирани комби возила.
Дополнително, Македонијалек располага и со сопствен агрегат за напојување со електрична енергија, целосно интегриран систем за противпожарна заштита и интерен систем за обезбедување со сопствена чуварска служба, што дополнително ја чини Македонијалек доверлив, сигурен и сериозен партнер.




