Човечки ресурси

Вработените – највреден капитал на Македонијалек
Тимот на Македонијалек брои 110 вработени, од кои 40-ина се со високо образование. Компактноста и функционалноста на тимот се темели на присуството на професионалци од различни профили на стручност и тоа: фармацевти, лекари, економсти, правници, електроинженери и машински инженери.

Професионален развој
Капацитетите, талентите, вештините и знаењата на вработените се приоритетен ресурс на Македонијалек. Секој вработен има значајна улога преку која придонесува за успешно и непречено работење на претпријатието, без разлика на тоа во кој дел од хиерархијата се наоѓа или кои работни обврски ги исполнува.

Заедничка цел на компанијата и вработните е оптималната продуктивност и задоволство во работењето, што во голем дел го постигнуваме со вложување во стручно и лично усовршување на секој вработен.

Едукација и стручни собири
Како потврда на својата политика во делот на посебна грижа , едукација и доусовршување на своите вработени, Македонијалек располага со сопствена сала за презентации каде редовно се одржуваат презентации и едукативни собири на различни теми.

Можност за вработување
Постојаниот развој на компанијата ја наметнува потребата за зајакнување и проширување на стручниот тим. До колку сте динамични, поседувате стручни знаења, ентузијазам и желба за градење на кариера во успешна компанија, тогаш сте добредојдени во Македонијалек.

Актуелни огласи
Македонијалек Ви нуди можност да бидете дел од успешен тим кој благодарение на својата стручност, таленти и заложби веќе неколку децении постигнува врвни резултати.