Општественa одговорност

Во служба на здравјето

Стратегиската определба на Македонијалек, која е интегрирана во начинот на размислување на секој вработен во компанијата, е да одговори на потребите и барањата на клиентите бескомпромисно и без одложување, што честопати се покажало како пресудно за спасување на човечки животи.

Вработени

Вработените во Македонијалек се носители на развојот на компанијата. Нивната работа, знаење и посветеност, како и желбата за успех, се ценат и вреднуваат. Покрај редовните можности за професионално до-усовршување, Македонијалек своите вработени ги поттикнува на дополнителни приватни активности, што придонесуваат за зголемување на нивното чувството на среќа и исполнетост, а со тоа и продуктивноста на работното место.

Животна средина

Здравото и безбедно опкружување ја чини почетната поставка во работењето и развојот на Македонијалек. Еден од основните темели на работната филозофија на Македонијалек се однесува на заштита и унапредување на животна средина, а целокупните работни процеси се во согласност на еколошките барања на стандардот ISO 14001:2015.

Заштитата на животната средина, како и минимизирањето на ризиците од загадување на работното опкружување кои би можеле да го загрозат здравјето и безбедноста на нашите вработени, се вбројуваат меѓу основните принципи на компанијата. Во таа насока, Македонијалек интензивно инвестира во оплеменување и облагородување на работниот простор и одржување на прекрасната цветна градина.