Македонијалек во контекст на својата компаниска политика целосно е посветена во градење на доверба и почитување пред се на своите вработени, своите партнери и соработници како и кон почитување на општеството, општествено одговорните практики, и негување и развивање на висока еколошка свест и совест за работната и животната околина.
Трајната цел на Македонијалек е да го задржи приматот на лидер и партнер од доберба, компанија со знаење и способност за највисоки достигнувања во делот на пружање на иновативни и технoлошки супериорни услуги и производи кои ги задоволуваат најсовремените барања и критериуми на пазарот.
Квалитетот на нашата услуга е производ на нашето разбирање и почитување на потребите и барањата на нашите соработници. Нивното задоволство е наша обврска.
Македонијалек има воспоставено и одржува целосно функционален систем на управување, вклучително и управување со промени и ризици, преку кој менаџментот во секој момент гарантира квалитет на сите процеси и услуги.
Целосно сме посветени кон почитување и интеграција на сите регулаторни и законски барања, интернационални стандарди за квалитет вклучително и тие за заштита на животната средина и безбедност.
Македонијалек континуирано развива тим од висококвалификуван и мотивиран персонал, и води сметка за одржување на благопријатен творечки амбиент, во кој секој член од тимот е свесен за важноста на своите активности во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и во однос на своите влијанија и постапки во зачувување и унапредување работната и животната средина.
Квалитетот е обврска на секој член од нашиот тим. Посветеност а пред се тимска работа е нашата главна одлика. Нашите вработени се нашата иднина а нашата заедничка заложба е да создаваме услови и бизнис клима во кои управувањето и носењето на одлуки е заедничка одговорност.
Раководството на Македонијалек се обврзува заедно со сите вработени да промовира постојано подобрување на ИМС преку спроведување на мисијата, визијата, вредностите и политиката на ИМС.