Вработените – највреден капитал на Македонијалек
Тимот на Македонијалек брои над 150 вработени, вклучувајќи над 60-ина вработени со високо образование. Компактноста и функционалноста на тимот се темели на присуството на професионалци од различни профили на стручност и тоа: фармацевти, лекари, економсти, правници, електроинженери и машински инженери.
Професионален развој
Капацитетите, талентите, вештините и знаењата на вработените се приоритетен ресурс на Македонијалек. Секој вработен има значајна улога преку која придонесува за успешно и непречено работење на претпријатието, без разлика на тоа во кој дел од хиерархијата се наоѓа или кои работни обврски ги исполнува.
Заедничка цел на компанијата и вработните е оптималната продуктивност и задоволство во работењето, што во голем дел го постигнуваме со вложување во стручно и лично усовршување на секој вработен.
Едукација и стручни собири
Како потврда на својата политика во делот на посебна грижа , едукација и доусовршување на своите вработени, Македонијалек располага со сопствена сала за презентации каде редовно се одржуваат презентации и едукативни собири на различни теми.
Можност за вработување
Постојаниот развој на компанијата ја наметнува потребата за зајакнување и проширување на стручниот тим. До колку сте динамични, поседувате стручни знаења, ентузијазам и желба за градење на кариера во успешна компанија, тогаш сте добредојдени во Македонијалек.
Македонијалек Ви нуди можност да бидете дел од успешен тим кој благодарение на својата стручност, таленти и заложби веќе неколку децении постигнува врвни резултати.